Хал не загуби и од Челси, Ливерпул ремизираше со Фулам (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Хал продолжуваат со одличните резултати од почетокот од сезоната во Премиер лигата. Новиот прволигаш попладнево одигра 2-2 против Челси и остана без пораз по првите четири кола во најсилното англиско првенство.

Челси имаше идеален старт и уште во седмата минута стигна до водство. Роџерс ја затресе мрежата по одличната асистенција од Жоао Педро за 1-0.

Сепак, Хал не се предаде, а до крајот на првото полувреме направи целосен пресврт. Главна фигура беше Белуми, кој со два гола го доведе својот тим во предност.

Прво, во 28. минута, Белуми погоди по додавањето од Џајлс, а само шест минути подоцна повторно беше прецизен, овојпат по асистенцијата на Мек Бурни. Хал на пауза замина со предност од 2-1.

„Сините“ во вториот дел тргнаа по израмнување и успеаја да го најдат патот до голот во 66. минута. Палмер одлично продре по левата страна и испрати прецизен центаршут, а Жоао Педро реагираше на вистински начин за 2-2.

Во продолжението Челси целосно ја презеде контролата и имаше поголем посед на топката, но и покрај неколкуте добри можности не успеа да стигне до победнички гол. Хал така освои уште еден важен бод.

По четири одиграни кола, Хал е трет на табелата со осум бодови, додека Челси има седум и се наоѓа на петтата позиција.

Во следното коло Челзи ќе гостува кај Брентфорд, додека Хал ќе има тешко гостување кај Њукасл.

На останатите денешни натпревари, Ливерпул одигра без голови против Фулам (0-0). Нотингем Форест славеше над Астон Вила со 2-1, Бормунт и Брентфорд одиграа 2-2, додека Ипсвич приреди изненадување и со 3-2 го совлада Кристал Палас на гостински терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×