Двата поранешни клубови на Жозе Мурињо, Фенербахче и Рома одиграа реми со резултат 1-1, исто заврши и мечот меѓу ПСВ и Шахтар.
Немаше победник на денешните два први меча од Лигата на шампионите, двете средби завршија со идентични 1-1.
Фенербахче по долго време се врати во Лигата на шампионите, но не успеа да ја совлада Рома.
Римјаните поведоа со гол на Кристанте во 39. минута, тоа беше резултатот од првиот дел.
По три минути игра во вториот дел Арчи Браун постигна гол за 1-1, што беше и конечен резултат.
Работите речиси идентично се одвиваа и на мечот меѓу ПСВ и Шахтар.
Украинскиот тим поведе во самиот финиш од првото полувреме со гол на Мендоза, а по три минути игра во вториот дел ПСВ преку Дест изедначи на 1-1.