Вардар плати казна на УЕФА од 250.000 евра

by Стефан
1 минути читање

Од редовите на Вардар соопштија дека ја подмириле казната од 250.000 евра изречена од УЕФА поради низа неправилности регистрирани во периодот пред летото 2024 година.

Од клубот појаснуваат дека утврдените прекршувања се однесуваат на работењето на претходната сопственичка и управувачка структура, а опфаќаат неправилности, манипулации, фалсификувани документи и други незаконски постапки.

Најголем дел од забелешките на европската фудбалска централа се однесуваат на сезоните 2021/22, 2022/23 и 2023/24. Меѓу посериозните неправилности се наведуваат незаконски склучуваните двојни договори со фудбалери, при што клубот ги посочува случаите со Блажевски и Глишиќ.

Во извештајот се нотирани и исплати што биле реализирани преку други сметки, како и трансакции за кои не постоела соодветна сметководствена документација.

Од Вардар нагласуваат дека станува збор за пропусти и постапки кои, според наодите на УЕФА, се случувале пред промената на сопственичката структура на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×