44
Барселона има фантастичен старт на сезоната, каталонскиот тим забележа уште една убедлива победа, овојпат со 5-0 славеше против Валенсија на Местаља.
Нашиот голман, Столе Димитриевски, имаше неколку фантастични интервенции, но фудбалерите на Барса имаа премногу обиди, едноставно беа незапирливи.
Серијата погодоци ја отвори Јамал, а во првиот дел погоди и Фермин, со резултатот од 0-2 се отиде на одморот.
Рафиња погоди за 3-0, а Педро зголеми на 4-0. Оној што ја почна серијата, тој и ја затвори, Ламин Јамал со својот втор гол ги постави конечните 5-0.