Младата ѕвезда на Реал со четири пати над дозволената граница за алкохол, Мурињо вели: Загрижува една работа…

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо вели дека младиот Раул Асенсио е голем професионалец на тренинзите и работи посветено, но загрижува тоа што се повторуваат грешките надвор од терените.

Младата ѕвезда на „кралевите“, Раул Асенсио повторно се најде во фокусот на вниманието поради работи кои не се поврзани со фудбалот, дефанзивецот беше осуден за возење во алкохолизирана состојба, се говори дека имал речиси четири пати повеќе алкохол од дозволеното.

Доби парична казна од 14.400 евра, остана без возачката дозвола на осум месеци, а и Реал Мадрид отвори интерна истрага.

„Кога пристигнав, разговарав со него за некои работи од минатото. Оттогаш, не се меша во случувањата надвор од фудбалот“ – рече Жозе Мурињо на денешната средба со новинарите.

„Во Валдебебас (тренинг центарот), Асенсио е пример за професионалец. Кога беше здрав, никој не тренираше повеќе и подобро од него, а сега, иако е повреден, повторно е првиот што пристигнува и последниот што заминува. Неговата посветеност е огромна“.

„Но кога си играч на Реал Мадрид, мораш да биде професионалец 24 часа на ден. Она што го правиш надвор од терените може да и наштети на твојата репутација, но и на угледот на клубот. Не сум задоволен од ситуацијата“.

„Сите правиме грешки, тоа е нормално, но кога грешките почнуваат да се повторуваат и да се натрупуваат, тогаш тоа загрижува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×