42
Фоларин Балогун беше пред трансфер во Евертон, но сега е неизвесно дали оваа зделка ќе се случи.
Последните информации велат дека Балогун не ги минал медицинските прегледи.
Докторите на Евертон сметаат дека фудбалерот не е 100 проценти фит.
Но, од Монако и од кампот на фудбалерот тврдат дека тој е подготвен да игра и нема никаков проблем.
Некој не ја кажува вистината, но како и да е, се чини дека Евертон се откажува од трансферот.