Вардар им се врати на победите, го доби Силекс во дербито!

by Стефан
1 минути читање

Вардар стигна до убедлива победа од 4-1 против Силекс во дербито од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ поведоа уште во третата минута, кога Димитар Данев ја затресе мрежата на кратовци. Силекс не се предаде и во 37. минута успеа да израмни преку Дарко Анѓелески, кој со одличен удар го совлада Талески.

Вардар во вториот дел повторно ја презеде контролата врз играта. Во 63. минута Михаел Маневски го врати водството, а само неколку минути подоцна Мигуел Пиреш зголеми на 3-1.

Конечниот резултат го постави Спахиу во финишот од натпреварот, за убедлив триумф на скопскиот тим од 4-1.

По четири кола, Вардар има шест бода и се наоѓа на шестото место на табелата, додека Силекс останува трет со седум освоени бодови.

За Вардар ова беше враќање на победничките патеки по поразите од Струга и Шкендија во првите две кола, Силекс пак го доживеа првиот пораз сезонава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×