Жозе Мурињо со видлива повреда под десното око го предводеше Реал Мадрид на пријателскиот натпревар против Шалке, кој „кралевите“ го добија со убедливи 3-0 во Гелзенкирхен.
Таквата ситуација привлече најголемо внимание од овој натпревар бидејќи не беше познато како настанала повредата на искусниот стратег. Сега Мурињо даде објаснување.
„Топката ме погоди во лице за време на тренинг. Да не носев очила, веројатно ова воопшто немаше да се случи. Можеше да биде и полошо“, изјави Мурињо.
За двата тима ова беше последната проверка пред почетокот на новата сезона. Натпреварот се одигра во чест на 25-годишнината од изградбата на стадионот „Велтинс Арена“ во Гелзенкирхен.
Jose Mourinho’nun gözünün altındaki morluk dikkat çekti. 👀 pic.twitter.com/jcWah69Gwb
— EPL Günlükleri (@EPL_Gunlukleri) August 16, 2026