Мурињо се појави со помодрено око на пријателскиот меч меѓу Шалке и Реал! (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо привлече внимание откако на денешниот пријателски натпревар помеѓу Шалке се појави со помодрено око.

„Кралевите“ денеска го играат последниот контролен тест пред почетокот на новата сезона, гостуваат во Гелзенкирхен против Шалке.

Жозе Мурињо привлече внимание откако на клупата на „Фелтинс“ Арена се појави со помодрено око.

Нејасно е како „специјалниот“ се повредил, изненадени се и шпанските новинари кои редовно ги следат случувањата на „Бернабеу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×