Крајот е блиску: Роналдо откри кога ќе се пензионира!

by Стефан
1 минути читање

Кристијано Роналдо откри дека е сè поблиску до крајот на својата блескава фудбалска кариера. Португалската суперѕвезда призна дека актуелната сезона најверојатно ќе биде последна во која ќе го гледаме како професионален фудбалер.

Во разговор за познатиот магазин „Вог“, Роналдо зборуваше отворено за својата иднина.

„Ова најверојатно ќе биде мојата последна година во фудбалот и сакам да оставам спектакуларно наследство“, изјави Роналдо.

Еден од најголемите фудбалери во историјата веќе размислува и за животот по пензионирањето. Тој признава дека заминувањето од фудбалот ќе остави голема празнина, но планира да ужива во времето кое ќе го има на располагање.

„Фудбалот ќе остави голема празнина, па времето ќе мора да го исполнувам на различни начини. Ќе се забавувам повеќе, ќе патувам и ќе уживам во она што сум го заработил“, порача португалскиот ас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×