Башкими остана на „нула“, Арсими во дербито на дното ги освои првите бодови

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Арсими во првиот натпревар од третот около стигнаа и до првата победа сезонава откако го совладаа Башкими на свој терен со 1-0.

Двете екипи во дуелот влегоа со по два порази и ова беше дуел во кои ги бараа првите бодови кои на крајот останаа во Чегране, а Башкими остана како единствен без бодови, но и без постигнат гол по три натпревари.

Натпреварот како и што се очекуваше не донесе премногу возбудувања, а домаќините искористија една од своите ретки шанси на натпреварот.

Човек на одлука беше Колумбиецот Контрерас кој само пет минути откако влезе во игра во 82. минута го постигна единствениот гол на натпреварот доволен за три бода на својот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×