Македонскиот голман Дејан Илиев остана без клуб, откако ја прекина соработката со романскиот Рапид Букурешт, каде што пристигна во јануари годинава.
Илиев во изминатите шест месеци успеа да се наметне како прв избор меѓу стативите и запиша 16 настапи за романскиот тим. Сепак, двете страни не постигнаа договор за продолжување на соработката, па македонскиот чувар на мрежата сега ќе мора да бара нова средина.
Во досегашната кариера Илиев го носеше дресот и на Ута Арад, Сараево, Хелсинки, Тренчин, Серед и Јагелонија. Значаен дел од својата кариера мина и во младинскиот погон на Арсенал.
Според дел од романските медиуми, причината за разделбата со Рапид може да биде финансиски проблем. Се шпекулира дека клубот му должи на македонскиот голман околу 150.000 евра за неисплатени плати.