Влаховиќ во Истанбул пристигна со две гајби домати (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Душан Влаховиќ конечно ја заврши трансфер-сагата и пристигна во Истанбул како ново засилување на Бешикташ. Но, српскиот напаѓач не се појави на аеродромот со празни раце и со себе донесе и необичен подарок.

Имено, Влаховиќ во Турција пристигна со две гајби домати од Србија, кои веднаш биле забележани на аеродромот во Истанбул.

Според турскиот новинар Онур Ташџиоглу, зад овој необичен подарок се крие интересна приказна. Турските претставници кои неодамна престојувале во Белград на преговори со Влаховиќ и неговиот тим биле воодушевени од доматите што ги пробале за време на една од вечерата.

Очигледно, деталот не му избегал на Влаховиќ. Напаѓачот го запаметил нивното воодушевување и решил да ги израдува новите соработници со две гајби домати директно од Србија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×