Жозе Мурињо требало да седне на клупата на Манчестер Јунајтед веднаш по пензионирањето на Сер Алекс Фергусон, но тоа не се случило поради одлука на Португалецот.
Во документарецот за Мурињо кој официјално ќе излезе утре на Нетфликс, португалскиот стратег и Сер Алекс Фергусон раскажуваат една досега непозната ситуација.
„Кога го напуштив Реал Мадрид се договорив да одам во Манчестер Јунајтед и да го заменам Сер Алекс“, рече Мурињо.
Тоа го потврди Фергусон и откри повеќе детали.
„Да, понудена му беше работата. Седев со него и му ја објаснив ситуацијата. Тој тогаш прифати. А потоа по неколку часа ја промени одлуката. Една ноќ ми се јави и плачеше. Рече: „Алекс, не можам. Му дадов збор на Челси и не можам тоа да го прекршам“. Причината која ми ја кажа можев да ја разберам, но ме разочара“, речи Фергусон.
Мурињо потоа кажа дека сам се кршел во себе.
„За мене, да ја загубам шансата да го наследам Сер Алекс Фергусон беше драматично. Но не жалам, бидејќи одлуката ја донесов со срце“.
Три години подоцна Мурињо стана тренер на Манчестер Јунајтед. Во третата сезона на Олд Трафорд доби отказ, но со тимот ја освои Лига Европа, ФА Купот и Комјунити Шилд, а тоа го прави најуспешен тренер на Манчестер Јунајтед во ерата после Сер Алекс Фергусон.