Реал Мадрид победнички се враќа од Будимпешта, Мурињо е задоволен од тоа што го виде (ВИДЕО)

by riste
2 минути читање

Реал Мадрид со 2-1 славеше на гостувањето кај Ференцварош, а по натпреварот Жозе Мурињо го даде своето мислење.

Реал Мадрид поведе со гол на Ривас за кого ова беше деби погодок во сениорскиот тим на кралскиот клуб. Тоа момче потекнува од школата.

Вториот гол го постигна новото засилување Еспи по една фантастична акција на Реал.

„Би сакал да му се заблагодарам на Ференцварош. Ова беше многу добар тренинг“, рече Мурињо по мечот.

„Повеќе ми се допадна првото полувреме отколку второто. Тоа не ме изненади, бидејќи во првиот дел играше тимот со кој работевме и одигравме неколку меча претходно. Имаше подобра кохезија меѓу фудбалерите на теренот и одлична контрола на натпреварот“.

„Најважното не е да биде се како што треба, треба и да се направат некои грешки, тоа ми овозможува да мислам и да анализирам со фудбалерите за да напредуваме“.

„Винисиус? Најважно е што тој потпиша нов договор. Новиот договор го прави него среќен и сите нас среќни. Тој имаше само неколку тренинг сесии. Не очекував од Вини денеска да ја земе топката и да истрча 50 метри со неа и да даде гол, неговите нозе се уште с еуморни. Тој дефинитивно ќе биде во подобра форма следната среда и во неделата во Гелзенкирхен“.

„Бернардо Силва? Тој е многу важен фудбалер за нас. Но, кутрото момче, кога отиде на одмор, сакаше комплетно да се исклучи, воопшто немаше вежбано, па дојде на подготовките на многу пониско ниво од неговиот вообичаен стандард, сега треба да работи напорно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×