258
Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, во престојната сезона ќе игра во Ливерпул, двата клуба постигнале договор.
Се работи за позајмица која вклучува опција за целосен откуп. Ливерпул нема да има обврска целосно да го откупи, но доколку сака, има клаузула која може да ја активира.
Документите меѓу двата клуба се веќе потпишани, Араухо патува за Ливерпул да ги мине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот со црвените.
Ова е изненадувачки трансфер бидејќи немаше гласини дека ќе се случи.