Инфантино барал спас од Трамп, непрекинато му ѕвонел на телефон, американскиот претседател не му кревал!

by riste
1 минути читање

Претседателското столче на Џани Инфантино силно се тресе, сакаше да заработи огромни пари користејќи ја моќта на позицијата, но се чини дека ги одбројува последните денови пред да замине во историјата.

Откако УЕФА, КОНКАКАФ и Азија рекоа не на неговиот проект за приватизација на дел од ФИФА, репрезентациите од денеска почнаа и поединечно да ја искажуваат недовербата кон претседателот.

Излегоа информациите дека сето тоа што го правел го правел од лични причини, а не за доброто на фудбалот. Ако проектот успеел, неговата плата требало да биде околу 30 милиони долари плус бонуси.

Однесувањето на Инфантино беше скандалозно и за време на Светското првенство, со повеќе одлуки, пред се поништувањето на суспензијата на Балогун, момент кој го потресе фудбалот.

Претседателот на ФИФА сега изгледа немоќно и неговиот крај се гледа. Инфантино барал спас од Трамп, постојано му ѕвонел на американскиот претседател, но тој не му кревал.

Последна информација е дека закажал состанок со државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Џани Инфантино ќе стане само уште еден пример како моќта на човек може да му се удри од глава и да падне кога мисли дека е најсилен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×