Инвестиција од 85 милиони евра, Јувентус во само неколку часа го потврди и второто засилување

by bojan
1 минути читање

„Бјанконерите“ се пофалија и со ангажманот на Рандал Коло Муани, напаѓачот пристигнува од ПСЖ во зделка вредна околу 50 милиони евра.

Во само неколку часа, Јувентус ја потврди инвестицијата од 85 милиони евра и ангажман на две засилување за офанзивата.

Откако попладнево Крим Алајбеговиќ беше промовиран како нов играч, пристигна и официјална потврда за трансферот на Рандал Коло Муани, кој се враќа во Торино.

За услугите на Французинот, Јувентус на ПСЖ ќе му плати 38 милиони евра, плус додатни 12 милиони евра во бонуси.

Рандал Коло Муани исто така доби петгодишен договор, и се обврза на верност кон „старата дама“ до јуни 2031 година.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×