Брегалница врати добро познат голгетер за ПМФЛ

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот напаѓач Иван Глигоров и официјално е нов фудбалер на Брегалница, откако се врати во клубот по успешната сезона што ја имаше во дресот на Охрид Лихнидос.

Глигоров беше еден од најдобрите стрелци во Втората македонска лига минатата сезона и со своите настапи го привлече вниманието на неколку прволигашки клубови. Сепак, напаѓачот одлучи повторно да го облече дресот на својот матичен клуб.

Во досегашната кариера настапуваше во младинските категории на италијанската ИМС академија и португалски Национал, а потоа се врати во Македонија, каде покрај Брегалница играше и за Охрид Лихнидос, додека на почетокот од минатата сезона имаше и кратка епизода во Арсими.

Од Брегалница очекуваат Глигоров со своето голгетерско искуство да биде едно од главните засилувања во нападот во новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×