Проблемите на Валенсија се одразуваат и на Столе, клубот не може да го регистрира новиот договор!

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски сè уште не е регистриран за настап во Ла Лига, бидејќи Валенсија не ја комплетирала документацијата за новиот договор со кој тој останува во клубот до 2028 година.

Според „АС“, покрај Димитриевски, нерегистрирани се и четирите летни засилувања, па во моментов Кристијан Риверо е единствениот голман кој официјално се води како член на првиот тим.

Валенсија засега има регистрирани 17 фудбалери, но во наредниот период треба да ги пријави новајлиите, како и играчите кои се вратија од позајмици. Иако шпанските клубови често ја одложуваат регистрацијата поради финансиски и административни причини, според шпанските медиуми Валенсија нема проблем со лимитот за трошоци.

До крајот на преодниот рок клубот планира да донесе уште најмалку четири нови фудбалери, па на „Местаља“ внимателно го подготвуваат конечниот ростер за новата сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×