Осимен бесен јавно удри по Галатасарај: Неблагодарни, три месеци не сум земал плата! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Додека Галатасарај се поврзува со звучни засилувања напаѓачот Виктор Осимен јавно го изрази своето незадоволство од односот на клубот кон него.

Нигерискиот голгетер преку објава на Инстаграм ги критикуваше челниците на турскиот шампион, тврдејќи дека веќе три месеци не добил плата и испрати јасна порака дека нема намера да остане доколку ситуацијата не се промени.

„Три месеци не сум земал плата. Ако јас не бев тука, никој немаше да знае за Галатасарај. Ако не ми платите, си заминувам. Неблагодарни луѓе“, порача Осимен.

Во исто време, Галатасарај интензивно се поврзува со ново засилување во нападот. Според шпекулациите, турскиот гигант води преговори со Реал Мадрид за евентуален трансфер на Брахим Дијаз.

Осимен зад себе има одлична сезона во дресот на Галатасарај. На 33 настапи постигна 22 голови и запиша осум асистенции, потврдувајќи дека е еден од најважните играчи во тимот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×