Ливерпул му подготвува голема одмазда на Реал Мадрид за трансферите на ТАА и Конате

by bojan
1 минути читање

„Црвените“ со внимание ја следат ситуацијата на Винисиус Жуниор и се подготвуваат за сензационален трансфер и ангажман на Бразилецот како слободен играч летото во 2027 година.

Ливерпул беспари изгуби двајца играчи поради Реал Мадрид, минатото лето Трент Александер Арнолд одби да стави потпис на нов договор и да ја продолжи кариерата на „Бернабеу“, а ова лето ист потег повлече и Ибрахима Конате, кој го замени црвениот со белиот дрес.

Но новинарот Рамон Алварез сега вели дека клубот од Енфилд им подготвува голема одмазда на „кралевите“.

„Црвените“ внимателно ја следат ситуацијата на Винисиус Жуниор, кој ја одработува последната година од договорот, и преговорите за продолжување тапкаат во местото.

Па Ливерпул сака да реализира сензационален трансфер и да го ангажира Бразилецот како слободен играч летото во 2027, без да платат ниту едно евро за отштета.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×