Не му требаше многу: Мурињо отпишал двајца играчи по првиот тренинг!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија велат дека Жозе Мурињо решил да ги шкртне Франко Мастантуоно и Раул Асенсио, кои ќе треба да си бараат нов клуб ова лето

Жозе Мурињо не чекаше долго за да почне со носење одлуки во Реал Мадрид, само една недела по почетокот на подготовките, португалскиот стратег веќе направил првична проценка на дел од играчите, особено на младите фудбалери кои се обидуваат да се наметнат.

Како што пренесува Кадена КОПЕ, на Франко Мастантуоно му било кажано дека може да си ги пакува куферите.

Аргентинецот, кој минатото лето беше купен за 60 милиони евра, ќе биде испратен на позајмица. „Специјалниот“ сакал да го види во акција пред да донесе одлука, и не бил импресиониран од она што го покажал поранешниот играч на Ривер Плата.

Од „Бернабеу“ ќе си замине и Раул Асенсио, барем привремено, тој не е во плановите на Жозе Мурињо.

Од друга страна, Гонзало Гарсија ги зголемил шансите да остане во првиот тим откако со своите настапи успеал да го импресионира Португалецот. АС додава дека добри оценки добил и Дин Хујсен, кој се прикажува во одлично светло на тренинзите и се наметнува за место во тимот.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×