Перез се предомилува, Реал тргнува по Родри!

by riste
1 минути читање

Со игрите на Светското првенство се чини дека Родри си заработи трансфер во Реал Мадрид, во наредните дека работите ќе бидат многу појасни.

Родри одамна сака трансфер во Реал Мадрид, но Флорентино Перез сметаше дека тој не е доволно добар за кралскиот клуб.

По долгата пауза поради повреда Родри не се врати на нивото на кое беше кога ја доби Златната топка. Но, тоа се промени на Светското првенство, одигра извонредно, беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот.

Мурињо го сака Родри го Реал Мадрид, а луѓе блиски до Перез веќе го убедувале претседателот на Реал Мадрид дека треба да го ангажираат фудбалерот на Сити.

Клубот веќе почнал разговори со агентот на Родри.

Наводно и во Манчестер Сити биле информирани дека Родри сака трансфер во Реал Мадрид и тие нема да му застанат на патот.

Во Сити му се благодарни за игрите во изминатите години во нивниот дрес и нема да му прават проблеми да се пресели во Реал Мадрид.

Веројатни и висината на обештетувањето ќе биде пристојна сума. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 50 милиони евра, не се очекува Реал да плати повеќе од тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×