Македонските Росонери ги очекува уште една возбудлива фудбалска сезона, сезона која за домашните вљубеници во црвено-црната боја ќе биде посебна и историска.
„Милан Фанс Македонија“, најстариот и еден од најбројните официјални фан клубови на Милан во регионот, официјално влегува во својата јубилејна 10-та сезона под мотото „10 ANNI INSIEME“ (10 години заедно).
Започнувајќи пред цела деценија како идеја на неколку искрени фанови, „Милан Фанс Македонија“ израсна во сериозно организирана заедница која зад себе многу организирани патувања и безброј заеднички собири во Play All Day на ул.Македонија.
За оваа јубилејна сезона 2026/27, фан клубот подготви специјален премиум членски пакет кој е дизајниран да остане како вечен спомен на оваа деценија страст. Покрај официјалната A.I.M.C. членска картичка што пристигнува директно од Италија, секој член добива:
- Уникатен јубилеен двостран навивачки шал „10 ANNI INSIEME“, специјално дизајниран за оваа пригода.
- Премиум поло-маица со извезено официјално јубилејно лого.
Цената на членскиот пакет за целата сезона изнесува 1.500 денари.
Целта на фан клубот и оваа сезона е да продолжи со проширување на црвено-црната заедница и да им овозможи на сите фанови на Милан во Македонија незаборавно фудбалско искуство и нови пријателства.
Сите заинтересирани можат да се информираат и да се зачленат преку официјалниот веб-сајт , како и преку нивните профили на Facebook и Instagram.
10 години страст, 10 години заедно – Forza Milan!