Лука Модриќ би можел да стави крај на репрезентативната кариера по натпреварите од октомврискиот циклус во Лигата на нации, пренесуваат италијанските медиуми.
Според „Газета дело Спорт“, искусниот играч за врска планира да ги одигра уште првите четири натпревари во новото издание на Лигата на нации, а потоа целосно да се посвети на обврските во Милан.
Италијанскиот весник наведува дека Модриќ веќе ја донел одлуката и ја соопштил на селекторот, па доколку нема промени, дуелот против Шпанија на 6 октомври во Сплит ќе биде негов последен во дресот на Хрватска.
Модриќ зад себе има 202 настапи и 29 голови за националниот тим. Со Хрватска го освои среброто на Светското првенство во 2018 година и бронзата четири години подоцна, а истата 2018 година ја освои и „Златната топка“ како најдобар фудбалер во светот.