Спектакл во Шпанија: Два милиони навивачи ги пречекаа светските шампиони (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шпанските фудбалери денеска пристигнаа во татковината како светски шампиони, а веднаш по враќањето започна спектакуларната прослава на големиот успех. Според информациите, на улиците излегоа околу два милиони навивачи кои сакаа да го прослават историскиот триумф со своите херои.

Играчите и стручниот штаб најпрво беа пречекани од кралот Фелипе и неговото семејство во палатата Зарзуела. Во посебен момент надвор од вообичаениот протокол, кралот лично му честиташе и го прегрна младиот талент Ламин Јамал, покажувајќи голема почит кон новата ѕвезда на шпанскиот фудбал.

По средбата со кралското семејство, светските шампиони продолжија кон палатата Монклоа, каде што беа пречекани од премиерот Педро Санчез. Тој им честиташе за борбеноста, посветеноста и фудбалот што го прикажаа на турнирот, истакнувајќи дека финалињата не се само за играње, туку за освојување.

Санчез додаде дека Шпанија во последниот период има совршен ефект на големите натпреварувања и дека оваа генерација повторно ја донела земјата на врвот на светскиот фудбал.

Вистинскиот спектакл започна кога фудбалерите се качија на отворен автобус и тргнаа кон легендарниот плоштад Сибелес, традиционалното место за прослави на големи спортски успеси во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×