Голманот Возиња, кој беше едно од најпријатните изненадувања на Мундијалот, сè уште нема нов клуб по истекот на договорот со португалски Чавес. Сепак, ситуацијата може наскоро да се промени, бидејќи веќе се појави главен кандидат за неговиот следен ангажман.
Според последните информации, чилеанскиот гигант Коло Коло започнал сериозни преговори со искусниот голман и сака да го обезбеди неговиот потпис.
Преговорите се во тек, а агентите на Возиња веќе ги доставиле условите до раководството на клубот. Засега, разговорите се одвиваат во позитивна насока и постои оптимизам дека може да биде постигнат договор.
Во изминатиот период, Возиња се поврзуваше и со други тимови, меѓу кои и Интер Мајами на Лионел Меси, но до конкретна понуда не дојде.