Руски гигант го обвини најпознатиот трансфер инсајдер дека лаже

by Стефан
1 минути читање

Фабрицио Романо кој важи најрелевантни новинари за фудбалски трансфери, се најде на мета на ЦСКА Москва, откако рускиот клуб јавно ги демантираше неговите информации поврзани со аргентинскиот офанзивец Езекиел Себаљос.

Романо претходно објави дека Наполи испратил понуда од 10 милиони долари за фудбалерот на Бока Јуниорс, а истовремено наведе и дека Себаљос одбил понуда од ЦСКА вредна пет милиони долари годишно, бидејќи не сакал да ја продолжи кариерата во Русија.

Од московскиот клуб реагираа со остро соопштение, тврдејќи дека таквите информации се целосно неточни.

„Фабрицио, престани да шириш невистини и глупости. Ти си почитуван новинар. ЦСКА никогаш не му понудила на ниту еден играч нето плата од пет милиони евра годишно. Разговорите со Бока Јуниорс завршија уште во февруари, немаше договор, ниту официјална понуда за играчот. Не планираме да ангажираме крилен фудбалер ова лето. Престани да го користиш нашето име за да олеснуваш трансфери или да ги зголемуваш барањата“, порачаа од ЦСКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×