Левандовски откри зошто по Барселона не прифатил понуда од друг европски клуб

by Стефан
1 минути читање

По заминувањето од Барселона на крајот од сезоната 2025/26, 37-годишниот напаѓач започна ново поглавје во својата кариера во американската МЛС лига.

Сега откри зошто се одлучил да го напушти европскиот фудбал.

„Не сакав да играм за ниту еден друг клуб во Европа освен за Барселона. Не можев да замислам поинакво сценарио. Тоа беше тешка одлука за мене и за моето семејство, но многу сум среќен што дојдов во овој тим. Сакам да освојувам трофеи и во оваа нова фаза од мојата кариера и живот“, изјави Левандовски.

Полскиот репрезентативец истакна дека е свесен дека го очекува голема промена по четирите години поминати во Барселона, но верува дека брзо ќе се приспособи на животот во Соединетите Американски Држави.

„По животот во Барселона нема да биде лесно, но јас сум од Полска и ќе се приспособам“, рече Левандовски низ насмевка.

Искусниот напаѓач додаде дека во Чикаго гледа голем потенцијал и верува дека екипата може да се бори за трофеи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×