Атлетико не го дава Алварез по ниту една цена!

by 24 фудбал
1 минути читање

Хулијан Алварез останува во Атлетико Мадрид, откако извршниот директор на клубот, Мигуел Анхел Хил, категорично ги отфрли сите можности за негов трансфер, без разлика на висината на понудата.

Во изминатиот период Барселона беше поврзувана со аргентинскиот напаѓач, а дел од играчите на каталонскиот клуб и јавно изразија желба да го видат Алварез на „Камп Ноу“. Сепак, од Атлетико повторно испратија јасна порака дека продажба нема да има.

Мојата позиција е јасна, позицијата на Атлетико е јасна. Им ставивме јасно дознаење на фудбалерот, неговите претставници и на претседателот на Барселона. Не се ни сомневам дека Атлетико е вистинското место за Хулијан и дека е перфектен напаѓач за Атлетико Мадрид, сакаме да го задржиме. Неодамна го слушнав претседателот на Барса како вели дека понудата која ја дале до Атлетико Мадрид не била неограничена. Мојот единствен одговор е дека нашата одлука е неограничена. Не не сакаме да го продадеме. Не прифативме понуда од 100 милиони евра и нема да прифатиме понуда од 150 милиони евра, дури и од 200 милиони евра ќе одбиеме“, вели извршниот директор на Атлетико Мадрид.

Алварез в недела со Аргентина ќе игра во финалето на Светското првенство против Шпанија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×