Арсенал речиси сигурно ќе биде без еден од своите најважни дефанзивци на стартот од новата сезона, бидејќи Вилијам Салиба заработи посериозна повреда на Светското првенство.
Францускиот стопер го напушти теренот уште во 30. минута од полуфиналето со Шпанија поради силни болки во грбот. Според „Л’Екип“, непосредно пред замената му соопштил на Дајот Упамекано дека не може да го продолжи натпреварот.
Првичните информации не се охрабрувачки и најавуваат пауза од четири до пет месеци. Доколку прогнозите се потврдат, Салиба ќе го пропушти почетокот на сезоната, што ќе претставува сериозен проблем за менаџерот на Арсенал.
Британските медиуми наведуваат дека најсериозен кандидат да го замени во стартниот состав е младиот шпански стопер Кристијан Москера, кој минатото лето пристигна во лондонскиот клуб.