Пјер Емерик Обамејанг е пред враќање во шпанскиот фудбал, откако Депортиво Ла Коруња е блиску до договор со искусниот напаѓач од Габон.
Иако има важечки договор со Марсеј и за следната сезона, француските медиуми пренесуваат дека клубот од „Велодром“ нема да му прави пречки за заминување. Се очекува Марсеј да побара околу 1,5 милиони евра за неговиот трансфер, сума што Депортиво е подготвен да ја плати.
Обамејанг зад себе има богата кариера, настапувајќи за клубови како Арсенал, Барселона, Борусија Дортмунд и Челси, а сега би можел да биде едно од најголемите засилувања за повратникот во Ла Лига.
Депортиво ова лето по осум години повторно обезбеди место во елитното шпанско друштво, а новата сезона ќе ја отвори на 17 август со домашен натпревар против Елче на „Ријазор“.