Мајкл Олисе донел одлука, сака да се пресели во Реал Мадрид уште ова лето!

by bojan
1 минути читање

Мајлк Олисе е подготвен за нов предизвик, ова попладнево го објави „Футмеркато“, Французинот сака уште ова лето да се пресели во Реал Мадрид.

Мајкл Олисе ќе биде трансфер бомбата ова лето, ако се покажат како точни информациите на „Футмеркато“.

Французинот сака да се пресели во Реал Мадрид, и тоа уште ова лето. Репрезентативецот на „триколорите“ верува дека „кралскиот клуб“ е идеално место за неговиот следен голем исчекор и „Бернабеу“ е средината каде ќе продолжи да се развива.

Баерн Минхен сака да го награди играчот со нов договор, но раководството на шампионот на Германија е свесно дека рекордна понуда може да ја промени ситуацијата.

Реал Мадрид пак планира да ги искористи добрите односи со „баварците“ и да се обиде да го донесе фудбалерот во трансфер што би можел да стане еден од најголемите во историјата, се шпекулира со сума од преку 200 милиони ера.

Се очекува клучните преговори да почнат по крајот на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×