Пожар, судири со полицијата и немири во Франција по елиминацијата од Мундијалот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Поразот на Франција од Шпанија во полуфиналето на Светското првенство предизвика немири во неколку француски градови, а најтензично беше во Париз и Лион.

Според француските медиуми, веднаш по последниот судиски свиреж избувнале судири меѓу дел од навивачите и полицијата. Демонстрантите фрлале разни предмети, по што безбедносните сили интервенирале за да ја стават ситуацијата под контрола.

Во нередите биле уапсени околу 150 лица, а улиците во одредени делови од Париз и Лион биле целосно блокирани поради големото полициско присуство. Насилството следуваше по елиминацијата на „триколорите“, кои во полуфиналето беа поразени од Шпанија со 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×