Шпанија со победата од 2-0 над Франција не само што обезбеди место во финалето на Светското првенство, туку испиша и нови страници во фудбалската историја.
„Црвената фурија“ стигна до 37. натпревар без пораз и го израмни рекордот што досега го држеше Италија. Воедно, шпанските репрезентативци доминираат и на листата на европски фудбалери со најмногу настапи на големите турнири без пораз, предводени од Емерик Лапорт со 22 натпревари, пред Микел Ојарзабал (20), Фабијан Руиз (16), Микел Мерино (14) и Ламин Јамал (14).
Серијата продолжува и за Јамал, кој останува непоразен како стартер на Светски и Европски првенства. Младиот ас има 12 победи на 12 натпревари, што претставува уникатен учинок во европскиот репрезентативен фудбал.
Избраниците на Луис де ла Фуенте поставија уште еден рекорд, откако станаа првата селекција која на едно Светско првенство успеала да ја сочува мрежата недопрена на шест натпревари.