Луис де ла Фуенте не го криеше задоволството по победата над Франција и пласманот на Шпанија во финалето на Светското првенство, истакнувајќи дека неговиот тим заслужено ќе се бори за титулата.
Шпанскиот селектор порача дека успехот не е случаен, туку резултат на проект кој се градел со години и на кој никогаш не му бил свртен грб.
„Уште пред четири години почнавме да градиме тим со јасна идеја и останавме доследни до крај. Денес игравме против врвна репрезентација, но тие се соочија со најдобриот тим во светот. Моите фудбалери заслужуваат признание за сè што покажуваат. Со голема пожртвуваност, квалитет и тимски дух успеваат најтешките работи да ги направат да изгледаат едноставно“, изјави Де ла Фуенте.
Шпанија во големото финале ќе игра против победникот од второто полуфинале, во кое вечерва силите ќе ги одмерат Англија и Аргентина.