Останаа уште четири репрезентации во трката за светската титула, а вечерва Франција и Шпанија ќе ја отворат полуфиналната програма на Мундијалот.
Двете селекции со сигурни настапи стигнаа до завршницата. Французите во елиминациската фаза ги совладаа Шведска, Парагвај и Мароко, додека Шпанија беше подобра од Австрија, Португалија и Белгија.
Ова ќе биде уште едно големо европско дерби, во кое посебно внимание ќе привлечат Килијан Мбапе и Ламин Јамал, двајцата најголеми адути на своите репрезентации. Сепак, натпреварот би можел да се решава и во средниот ред, каде што Франција ќе се обиде да го запре препознатливиот стил на игра на Шпанците.
Шпанија има подобар биланс во меѓусебните пресметки, а славеше и на последните два дуела, во полуфиналињата на Европското првенство во 2024 и Лигата на нации во 2025 година. Победникот од вечерашниот натпревар ќе обезбеди место во финалето, каде ќе игра против подобриот од дуелот Англија – Аргентина.