Легендарниот Хрват кој некогаш играше за Милан и Интер е уапсен

by 24 фудбал
1 минути читање

Дарио Шимиќ се најде во центарот на големата антикорупциска акција во Хрватска, откако беше приведен по налог на надлежните институции.

Според хрватските медиуми, поранешниот репрезентативец е осомничен дека со помош на поранешна службеничка незаконски обезбедил документација и дозволи за изградба на камп во Тисно. Во акцијата е уапсена и Неда Ливљаниќ, која и претходно се поврзуваше со слични истраги.

Шимиќ е едно од најпознатите имиња во поновата историја на хрватскиот фудбал. Во националниот дрес запиша 101 настапи, а беше дел и од селекцијата која го освои бронзениот медал на Светското првенство во Франција во 1998 година.

Во текот на богатата кариера играше за Динамо Загреб, Интер, Милан и Монако, а со италијанскиот великан двапати го освои трофејот во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×