Фабијани: Важно ми е утре да го смениме менталитетот

by Стефан
1 минути читање

Вардар утре ќе го одигра реваншот против КуПС на гостински терен, каде што ќе се обиде да ја надомести негативата од 2:0 по поразот во првиот натпревар во Скопје.

Во пресрет на дуелот во Финска, шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани порача дека од својот тим очекува поинаков пристап и промена во менталитетот.

„Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот меч до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Најголема предност на КуПС е што се во натпреварувачки ритам, имаат повеќе мечеви од нас и тоа го гледам само како плус за нив. Ние нема очајнички да влеземе во овој натпревар и безглаво да бркаме резултат. Сакам да видам еден организиран Вардар на теренот кој ќе се бори за секоја топка и педа на теренот. Сакам ред и дисциплина, сѐ да биде плански и постепено“, изјави Фабијани.

Реванш-средбата меѓу КуПС и Вардар е закажана за утре со почеток од 17:00 часот, а директен телевизиски пренос ќе биде обезбеден на каналите на Арена Спорт Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×