Новиот тренер на Челси, Чаби Алонсо потврди дека Алехандро Гарначо е на излезна врата и се бара решение кое ќе одговара на сите инволвирани страни.
Чаби Алонсо денеска за прв пат се појави пред медиумите откако го презеде кормилото на „Стемфорд Бриџ“.
Стратегот доби прашања за иднината не неколку фудбалер, а првото беше резервирано за Енцо Фернандез, кој е цел на Жозе Мурињо и Реал Мадрид.
„Разговарав со Енцо Фернандез, но за жал не можам да ви откријам ништо повеќе, она што беше кажано останува приватно. Можам само да потврдам дека сакам да го задржам“ – вели Чаби Алонсо.
Но тој меѓу редови потврди дека нема ништо против продажба на Алехандро Гарначо, кој пристигна минатото лето од Манчестер јунајтед и не успеа да се наметне.
„Разговаравме со спортскиот директор и има интерес за неговите услуги. Ајде да видиме што ќе се случи. Се надевам дека ќе се дојде до решение кое ќе одговара на сите инволвирани страни“.
Меѓу фудбалерите чија иднина се уште не е дефинирана е и Николас Џексон, кој се врати во Лондон по едногодишната позајмица во Баерн Минхен.
„Николас Џексон ќе патува со екипата на турнејата во Азија, со нетрпение чекам да ни се приклучи на подготовките за новата сезона“ – кратко додаде Чаби Алонсо.
ФОТО: X/Chelsea FC