Официјално: Хрватска го промовира новиот селектор!

by 24 фудбал
1 минути читање

Славен Билиќ и официјално се враќа на клупата на хрватската репрезентација, откако Хрватскиот фудбалски сојуз го потврди неговото назначување за нов селектор.

Искусниот стратег ќе потпише двегодишен договор и ќе го наследи Златко Далиќ. Според хрватските медиуми, Билиќ ќе заработува двојно помала плата од својот претходник. Во неговиот стручен штаб се очекува да бидат Данило Буторовиќ, Деан Рачуница и Ватрослав Михачиќ, а како можни соработници се споменуваат и Ведран Чорлука и Никола Јурчевиќ.

Билиќ веќе еднаш ја предводеше Хрватска, во периодот од 2006 до 2012 година, додека последниот тренерски ангажман го имаше во саудиски Ал Фатех, каде што беше разрешен во 2024 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×