24
Настапот на Светското првенство ќе им донесе и профитабилни трансфери на дел од фудбалерите на Босна и Херцеговина, еден од оние кои ќе го сменат клубот за подобро е 23-годишниот Тарик Мухаремовиќ.
За него силен интерес има од Лидс, англискиот премиерлигаш е во интензивни преговори со Сасуоло кои се очекува да вродат со плод.
Според Фабрицио Романо, оваа недела ќе биде пресудна за трансферот на Мухаремовиќ.
Лидс има конкуренција, наводно заинтересирани се и Сандерленд и Борнмут.
Речиси е сигурно дека Мухаремовиќ во наредната сезона ќе игра во Англија, само останува да се види во кој клуб.