Првиот голман на Босна и Херцеговина замина од Германија во Саудиска Арабија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Голманот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Никола Васиљ, донесе одлука да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, откако го напушти германскиот Сент Паули.

Триесетгодишниот чувар на мрежата нема да настапува во Втората германска лига по испаѓањето од елитата, а според германските медиуми, веќе потпишал двегодишен договор со Ал Диријах, клуб кој избори пласман во саудиската Про лига.

Васиљ беше член на Сент Паули од 2021 година, кога пристигна од украинска Зорја, и во изминатите сезони беше еден од најстандардните фудбалери на тимот. 

За репрезентацијата на Босна и Херцеговина досега има 30 настапи, а беше стартер на сите четири натпревари на Светското првенство, каде што БиХ стигна до осминафиналето, пред да биде елиминирана од селекцијата на Соединетите Американски Држави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×