Фудбалерите на Ц. Звезда доживеале драма над руското небо, авионот исчезнал од радарот (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Црвена Звезда доживеале непријатни моменти за време на летот кон Санкт Петербург, каде што играат пријателски натпревар против Зенит.

Според видеото објавено на клупскиот Јутјуб-канал, авионот во еден момент исчезнал од радарот, што предизвикало загриженост кај навивачите. Сепак, по краток период повторно се појавил во системот за следење на летови. Според информациите, не станувало збор за технички проблем со авионот, туку за ограничена радарска покриеност во дел од воздушниот простор низ кој летала експедицијата на српскиот шампион.

Дел од делегацијата на Црвена Звезда е и младинскиот репрезентативец на Македонија, Матеј Гаштаров, кој неодамна потпиша нов договор со клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×