Поранешниот норвешки фудбалер Алф-Инге Халанд, таткото на ѕвездата на „викинзите“ Ерлинг Халанд, смета дека неговата репрезентација била оштетена во четвртфиналниот натпревар против Англија, кој заврши со победа на „трите лава“ по продолженија со 2-1.
„Секоја чест за Белингем и судиите“, напиша 53-годишниот Халанд на платформата „Икс“, но набрзо ја избриша објавата по бурните реакции од англиските навивачи.
Неговиот коментар беше одговор на италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој го пофали погодокот на ѕвездата на Реал Мадрид. Потоа Халанд му одговори и на англискиот новинар Хенри Винтер.
„Навистина? Ве спасија судиите. Се надевам дека ќе го освоите Светското првенство, но убеден сум дека ние бевме ограбени“, додаде Халанд.
Really? Saved bye the referee. Hope you win the WC now. But feel we got robbed today. https://t.co/Lplf9uyOzM
— Alfie Haaland (@alfiehaaland) July 12, 2026