Барселона може да направи сериозна продажба и да направи промена во нападот, бидејќи Феран Торес е на чекор до трансфер во ПСЖ.
Шпанските медиуми пренесуваат дека крилниот напаѓач веќе постигнал договор за личните услови со европскиот шампион, а останува двата клуба да ги финализираат деталите околу трансферот.
Каталонците се очекува да инкасираат меѓу 50 и 60 милиони евра.
Раководството на Барселона веќе работи на негова замена. Веќе некое време се работи на трансферот на Карим Адејеми идната недела треба да пристигне на лекарски прегледи, по што ќе стави потпис на договор. Трансферот би чинел околу 22 милиони евра, со дополнителни бонуси.
Доколку зделката се реализира, Барселона ова лето ќе остане без уште еден офанзивец покрај Роберт Левандовски.