Зампарини загрижен по ремито со Пескара: Имам разбирање за Ла Гумина, тој е млад, но Несторовски…

by
1 минути читање

Палермо не дојде
до посакуваната победа над Пескара, одигра само реми со резултат 1-1 пред своја
публика во редовното коло од Серија Б.

Со тоа, тимот од
Сицилија наместо да се одвои од своите ривали за второто место на табелата кое
води до директен пласман во Серија А, го направи остатокот од сезоната (има
уште осум кола до крајот) неизвесен во битката за остварување на своите амбиции.

Првиот човек на
клубот, Маурицио Зампарини е загрижен за лошата форма на составот предводен од
Бруно Тедино, а имаше свој коментар и за капитенот Илија Несторовски кој одигра
86 минути во ремито.

Загрижен сум за
формата на Палермо, поради ова морам да разговарам со фудбалерите, морам да им
донесам чувство за победа, атмосфера. Видов една лоша игра од страна на Ла
Гумина и Несторовски, разликата е во тоа што на Ла Гумина би можеле да му го
заборавиме ова, тој е млад и веќе направи многу од тоа што го очекувавме од
него. Од друга страна, сакаме многу повеќе од Несторовски, бидејќи тој е
фудбалер кој мора да ја направи разликата во овој тим
“ рече Зампарини.

Извор: mediagol.it

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани