Враќањето на Мануел Ноер во германската репрезентација пред Светското првенство предизвикало незадоволство зад сцената, пренесуваат германските медиуми.
Селекторот Јулијан Нагелсман му ја врати улогата на прв голман, иако Оливер Бауман беше стартер во квалификациите. Тоа не му се допаднало на тренерот на голманите Андреас Кроненберг, кој дури размислувал и за оставка.
Дополнителни тензии создала желбата на Ноер, Јонас Урбиг да биде трет голман на Мундијалот наместо Александер Нибел. На крајот бил постигнат компромис, Урбиг отпатувал со селекцијата, додека Нибел го задржал местото во официјалниот состав.
Германија настапот на Светското првенство го заврши уште во осминафиналето, каде беше елиминирана од Парагвај по изведување пенали.