Милан го промовира второто засилување за Аморим

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан продолжува со засилувањата за новата сезона, а нов член на „росонерите“ е шпанскиот дефанзивец Марио Хила, кој и официјално беше промовиран како ново засилување на италијанскиот гигант.

25-годишниот стопер пристигнува од Лацио, а со Милан се обврза на соработка до летото 2031 година. Италијанските медиуми пренесуваат дека трансферот е вреден околу 30 милиони евра.

Хила зад себе има четири сезони во дресот на Лацио, во кои се наметна како еден од стандардните играчи во одбраната на римскиот клуб. За небесно-сините настапи на 120 натпревари во сите конкуренции и двапати се запиша меѓу стрелците. Пред да се пресели во Лацио, шпанскиот стопер беше дел од системот на Реал Мадрид, а сега ќе има нов предизвик во кариерата со дресот на седумкратниот европски шампион.

Со ангажманот на Хила, Милан го реализира вториот трансфер ова лето, откако претходно го договори и доаѓањето на Гонсало Рамош.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×